Хали Бери ќе плаќа 1,4 милиони долари за својата ќерка
22.06.2012 07:23
| KumanovoNews
Актерката Хали Бери според одлука на судот годишно мора да исплаќа отштета од 1,4 милиони долари на своето поранешно момче Габриел Аубриј, со кого ја има четиригодишната ќерка Нали.

Габриел на суд изјави дека му требаат пари за на ќерка си да и обезбеди удобен живот, во кој ќе има се што и треба.
Актерката не ја коментираше пресудата, но со Габриел се уште не е во добри односи. Наводно повторно ќе оди на судење, на кое ќе побара да и биде доделено старателството и со ќерка си да заминат во Париз.
Папараците деновиве ја "уловија" во крајно неуредно издание. Очигледно актерката поминува низ тежок период.