Хип Хоп албум од Мишел Обама
15.08.2013 08:12
| KumanovoNews
Првата дама на САД, Мишел Обама, во септември ќе објави хип хоп албум со 19 песни, кој треба да ги поттикне децата на редовно вежбање и здрава исхрана.

До следното лето ќе бидат објавени вкупно 10 спотови за песните од албумот “Песни за поздрава Америка“ кој ќе се дели во училиштата ширум Америка.
На албумот ќе се најдат и некои поп и кантри песни.