Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
“Хипнополис“ е кумановска рок група која неодамна го промовираше својот деби албум кој има исто име како и групата.
Албумот содржи десет композиции. “Хипнополис“ има пет члена и тоа Небојша Тодоровски (изведувач и гитарист), Стефан Ордевски (тапани), Филип Станчевски (перкусии), Зоран Зафировски (бас гитара) и Милош Димитријевиќ (гитара). Ова лето тие ќе настапуваат во клубовите низ Македонија.
Добрите познавачи велат дека во 90-те токму од Куманово произлегле добри бендови со укинатен стил и музика. Тие потврдуваат дека истото се случува и во денешно време, во последниве две години и дека “Хипнополис“ е група која заслужува внимание.