×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Хју Грант во уште една романтична комедија на Марк Лоренс

    25.10.2012 08:16 | KumanovoNews

    Славниот британски актер Хју Грант ќе настапи во нова романтична комедија која сè уште нема име. Сценарист и режисер е Марк Лоренс, а снимањето е закажано за следниот април во Њујорк.

    Хју Грант во уште една романтична комедија на Марк Лоренс

    Продуценти на проектот се Мартин Шафер и Лиз Глоцер од „Castle Rock Entertainment“. Ова ќе биде четврта по ред соработка помеѓу Грант, Лоренс и „Castle Rock Entertainment“. Претходно тоа беше случај со „Two Weeks Notice“, „Music And Lyrics“, и „Did You Hear About the Morgans“.

    Во 1998 година, Реј Мајклс (Хју Грант) е на врвот на славата - духовит, згоден Англичанец во Холивуд кој штотуку освоил „Оскар“ за најдобро сценарио. Петнаесет години подоцна, тој е креативно уништен, разведен и скршен. Со оглед дека нема друга опција, прифаќа да биде учител по сценарио во еден мал колеџ на Источниот брег. Иако тоа не го возбудува, тој се надева дека ќе заработи на лесен начин и ќе ужива во плодовите на неговата слава која ја има меѓу учениците. Она што не го планира е љубовната романса со една немажена жена која се враќа на училиште.

    Најнов проект на Грант кој ќе го гледаме е авантуристичката драма „Cloud Atlas“ на Лана и Енди Вачовски. Премиерата на овој филм беше на Филмскиот фестивал во Торонто минатиот месец, а во кино салите ќе може да се гледа од утре.