Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Се доближува доделувањето на најзначајните филмски признанија во светот, а првиот дел од трилогијата на Питер Џексон веќе се најде на листата на добитници.
На церемонијата која им претходи на Оскарите, американската филмска академија ги награди Сајмон Клатербак, Џејмс Џејкобс и Ричард Дорлинг за допринос во развојот на технологијата која ги прави компјутерски создадените суштества навистина реални.
Режисерот Питер Џексон ги искористи нивните иновации за создавање на ликовите во филмот "The Hobbit: An Unexpected Journey", а еден од најинтересните е Голум, благодарение на кој овие тројца се најдоа меѓу наградените.
Еден од наградените е и Ричард Мол за пронаоѓањето на преносниот уред за разместување на светлината "Matthews Max Menace Arm", кој е користен за снимањето на повеќе од 300 филмови, а на листата на добитници е и студиото "DreamWorks" за посебните светлосни ефекти кои се користени во остварувањата како што се "Shrek" и "Madagascar".
Свеченото доделување на 85-тите Оскари ќе се одржи на 24ти февруари во Лос Анџелес.