Холивудскиот актер се враќа на својот ангелски изглед
Откако влезе во светот на седмата уметност, со талентот се коментирала и неговата ангелска убавина и фенси стајлинг.

Едно време се запоставил, но изгледа дека се враќа на фраерскиот изглед на задоволство на ситe.
Иако несомнено е убав, Бред Пит последните година – две не блеска како претходно. Пуштил брада и коса, не се средувал како изминатата година, а еден период поради повредите одеше со бастум, па навистина не личеше на себе. Меѓутоа, последните неколку јавни настани ги искористил да покаже дека се враќа во форма.
Фотографиите кои ви ги пренесуваме добро ги оцениле стилистите, а неговите обожавателки се среќни што повторно го препознаваат холивудскиот лепотан.