Мени

Хрватска нема да настапува на овогодинешниот Евросонг

20.09.2013 10:43 | KumanovoNews

Хрватска радиотелевизија соопшти дека нема да учествува на Изборот за песна на "Евровизија 2014".

Хрватска нема да настапува на овогодинешниот Евросонг

Всушност Република Хрватска нема да има претставник на традиционалното музичко натпреварување.

Поради тешката економска ситуација која на Хрватска и налага максимално да води сметка за начинот на трошење на парите, оваа година нема да учествуваат во изборот на песна за 2014 година.

Една од причините поради која нема да се појават на Евровизија освен економската ситуација на земјата, е и лошиот пласман на претставниците на последниот избор.