Мени

Хуманитарен концерт за Боро Стаиќ

18.03.2013 09:48 | KumanovoNews

 Црвениот Крст на град Скопје организира голем хуманитарен концерт на 3 април во Универзална сала во Скопје за лекување на Боро Стаиќ.

Хуманитарен концерт за Боро Стаиќ

На хуманитарниот концерт ќе настапат: Нокаут, Леб и сол, Игор Џамбазов, Бени & Нон Стоп, како и танчери и ѕвезди од Танц со ѕвездите.

Цената на влезниците е 500 денари, а можат да се купат на продажните места на Купи Карти За Се или онлајн: http://kupikartizase.com/Events/humanitaren_koncert_za_boro

Боро Стаиќ има 18 години, а пред неколку месеци, при скок во вода, се здобил со тешки повреди на рбетот и останал парализиран.

Неговиот и нашиот живот добија сосема поинаков тек. Од тогаш, единствена желба ни е да оздрави, да ја поврати функцијата на рацете и нозете и да живее достоинствен и исполнет живот. Вашата хуманост и Вашите донации за нас се драгоцени. Ни помагаат многу, бидејќи чувствуваме дека не сме осамени во нашата мака, имаме надеж, верба и сила да издржиме- порачуваат неговите родители.

Сметки за донации:

Денарска сметка:

Сметка: 210-700000600857

Назив: Луиза Стајиќ за лекување на дете Боро Стајиќ

Банка: НЛБ Тутунска Банка АД Скопје, ул. Водњанска бр.1, Скопје

Девизна сметка :

IBAN Code: MK07210501594890345

Name of account owner: Zoran Stajikj

Bank name: NLB Tutunska Banka A.D. Skopje , Vodnjanska br.1 Skopje

SWIFT : TUTUNMK22

Телефонски линии за донирање 100 ден/повик: 070/143-112, 075/143-171

077/143-402