Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Славната турска актерка Мерием Узерли која ја игра Хурем во серијата “Сулејман Величествениот“ стана мајка.
Веста дека родила ќерка актерката им ја соопшти на своите обожаватели преку својата официјална страница на фејсбук, на која објави фотографии на рачето на штотуку роденото девојче
Добродојде на свет, моја најмила Лара Узерли. Му благодарам на Господ што те испрати и што дојде здрава на овој свет. Му благодарам на севишниот што имам сили да те заштитам - жива си , тоа е најголемиот подарок. Благодарам на мојата блиска пријателка Ана која беше покрај мене во текот на породувањето и целото мое семејство, пријателите и сите кои ми испраќаа љубов и беа со мене во мислите - напишала актерката на турски и англиски.
Таа се породи во Истанбул, а таткото на детето, богатиот турски бизнисмен Џан Аташ (47), ја остави Хурем бидејќи таа не сакала да абортира, за да пред неколку недели побара од неа да биде присутен на породувањето.