Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Иако веќе подолг период има забрана за македонска и српска музика на сите радио и телевизиски станици во земјава, на некои од пејачите не им пречи да создаваат нови песни и спотови.
Тајзи по одличната тема „Револуција“ реши да најави нова соработка со Дарко Спејко.
Песната е на македонски и српски јазик,а видеото треба да излезе наскоро.
„Вози“ е уште еден проект од моментално најактуелната балканска продукција „Балкатон“ .Музиката е на Слободан Вељковиќ- Цоби автор на многу балкански хитови,а додека видеото е во режија на Владимир Дади Ивановски. Македонската верзија пак е дело на Лазар Цветковски, кој работи и на албумот на Тајзи, од кој ќе чуеме уште неколку песни до Нова Година.
Во спотот се појавуваат интересни ликови и статисти, а како денс екипа се девојките од студиото „Брејк а Лег“ кои деновиве освоија второ место на светското првенство во Грац-Австрија.