Мени

И Република Бугарија се откажа од Евровизија

23.11.2013 08:30 | KumanovoNews

Народната телевизија на Бугарија објави дека поради финансиски проблеми нема да настапи на изборот за песна на Евровизија во Копенхаген.

И Република Бугарија се откажа од Евровизија

Останува нерешена енигмата кои земји навистина ќе учествуваат на Евросонгот.

По Република Србија и Бугарија се откажа од учеството, не само поради големите трошоци туку и поради нелегалното судење во кое многу главна улога играат политиката и соседските односи.

Повеќе од 9 години, Бугарија испраќа свои претставници на конкурсот за изборор на песна на Евровизија. За оваа натпреварување на европската сцена, БНТ е должна да плати надоместок, кој со години наназад е зголемен за 100%. Кон овие трошоци се приклучуваат и давачките за внатрешната селекција и изборот на учесникот претставник на својата земја и сите услуги за време на одржувањето на натпреварувањето-изјавија од БНТ.