Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Песната „I Will Always Love You", класичната балада на покојната американска поп ѕвезда Витни Хјустон е изгласана една седмица пред католичкиот празник свети Валентин или денот на вљубените, за најпопуларна љубовна песна во САД.
Песната „I Will Always Love You", којашто во 1974 година ја напишала ѕвездата на американската кантри музика Доли Партон а ја обработи Витни Хјустон во 1992 година за филмот „Телохранител", доби 38 отсто од сите гласови во анкетата на компанијата за истражување на пазарот „Harris Interactive". Песмата е особено популарна меѓу разведените, напуштените или повлечени Американци.
На оваа листа следуваат The Righteous Brothers со песната „Unchained Melody", Перси Слејџ со „When a Man Loves a Woman", Џо Кокер со „You Are So Beautiful", а првата петорка ја затвора „How Deep is Your Love" на групата Bee Gees.
Во анкетата учествувале две илјади возрасни лица кои можеле да гласаат за една од 40 предложени класични љубовни песни од сите периоди.