Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Македонската музичка продукција од денеска е збогатена со новиот сингл на Мики Секуловски.
Станува збор за интересна рок балада со наслов "Почеток и крај". Музиката е на Зоран Алексиќ, аранжманот на Алексиќ и Ристе Шандаров, додека текстот го напиша Рената Кралевска. Мики Секуловски и продуцентот Зоран Алексиќ го најавуваат деби албумот на идолот да се појави до крајот на годинава.
Освен со подготовката на првиот албум на македонскиот музички пазар ќе се појават и неколку спотови на Мики Секуловски. Во овој период Секуловски е активен и со настапи низ цела Македонија кои претставуваат вистинско уживање за сите оние кои го почитуваат неговиот вонсериски талент.