Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Иранските владини функционери планираат да покренат тужба против Холивуд бидеќи во филмот Argo, кој беше награден со Оскар за филм на годината, според нивно мислење, настаните се прикажани на нереален начин.
Приказната за наводната тужба која би требало да следува се рашири низ иранските медиуми, во кои се наведува дека француската адвокатка Изабел Котан-Пејре веќе се наоѓа во Техеран, на разговор со иранските владини претставници за тоа кога и каде треба да биде поднесена тужбата.
Во Иран тврдат дека во наградениот Аrgo на погрешен начин се прикажани настаните кои се одвиваа во окупираната американска амбасат во Техеран во 1979.
Иранците претходно го окарактеризираа филмот на Бен Афлек како анти-иранска пропаганда и реклама за ЦИА, а членот на градскиот совет Масумех Ебтекар, кој како студент учествуваше во окупацијата на амбасадата, тврди дека авторите на филмот претерале со прикажувањето на насилството.