Мени

Ирина и Бар се скараа за Роналдо

23.06.2012 10:16 | KumanovoNews

Во екот на европското првенство во фудбал супер моделите Ирина Шејк и Бар Рафаели си разменија жестоки реплики на Твитер во врска со фудбалерот Кристијано Роналдо.

Ирина и Бар се скараа за Роналдо

Единствено на што мислам додека го гледам Роналдо е дека гелот кој го користи, треба да биде забранет- напиша поранешната девојка на Леонардо Ди Каприо, Бар Рафаели.

Фудбалерот воопшто не бил трогнат од коментарите на Рафаели, бидејќи не се потрудил ниту да и одговори. Но, неговата девојка, руската манекенка Ирина Шејк не и останала должна на израелската убавица.

Бар Рафаели за си хејтер- човек кој едноставно не може да биде среќен за успехот на другите не е многу слатко. Научи се како да сакаш- коментирала Ирина.

Рафаели очигледно не сакала целата ситуација да стане многу посериозна, затоа што со Ирина се добри пријателки па на пријателски начин и одговорила: Те сакам тебе и твоето момче, но едноставно не ми се допаѓа гелот.