Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Хроничниот замор, честиот умор и главоболките после преспиена ноќ најчесто можат да бидат последици на диети, неправилна исхрана или консумирање брза храна и слатки.
Докторите велат дека енергијата може да се врати само ако се насочите кон здравата исхрана.
Ако секојдневно на трпезата имате зеленчук, овошје, а до два-три пати во текот на неделата и риба, тогаш е голема веројатноста дека ќе се ослободите од овие непријатни чувства. Зеленчукот, се препорачува да се консумира суров во салати или варен како вариво. Додека пак овошјето може да се јаде како додаток при појадокот со овесни снегулки или пак исцеден како сок.
Исто така за да се ослободите од овие проблеми, т.е од чувството на замор и умор, тогаш се препорачува и консумирање на ориз кој го спречува падот на шеќерот во крвта и ја враќа енергијата која ви е потребна за секојдневните обврски.
Други добри сојузнии во борба против овие проблеми се и намирниците кои се богати со железо, а тоа се: месото, грашокот, гравот, леќата, лиснатиот зеленчук, салата од репка, внатрешните органи и жолчката.
Сепак, главоболките најчесто се јавуваат поради недостаток на калциум и магнезиум, па затоа се препорачува и консумирање на јаткасти плодови, суво овошје и млечни производи.
Внесувањето на овие здрави јаглехидрати исто така го подобрува варењето, ја чисти кожата, а ги јакне и косата и ноктите.