Мени

Ивона Јовановиќ и "Рафинерија" заедно на "Макфест"

05.05.2015 10:44 | KumanovoNews

Младата пејачка Ивона Јовановиќ од Куманово ќе сними дует со момчињата од групата "Рафинерија".

Ивона Јовановиќ и "Рафинерија" заедно на "Макфест"

Дует песната се вика "Тешко време", чиј автор е Борче Димитров, попознат како Бока Рафинерија, вокал и клавијатурист на дуото "Рафинерија", пренесува Вест.

Откако песната беше примена на конкурсот, се впуштивме во потрага по женски вокал со кого би ја извеле дуетската песна. Имавме повеќе опции, но одлуката падна на Ивона откако ни го препрати демото со нејзиниот глас. Аранжманот е на професор Живоин Глишиќ и се работи за шлагерска балада која има потенцијал да стане и евергрин - вели Борче.

Ивона е позната по прекрасниот вокал на кој се воодушевуваат членовите на жири комисијата на изборот за ѕвезда на "Гранд", се пласираше во петтиот круг на шоуто и е еден од потенцијалните финалисти. Таа заедно со "Рафинерија" ќе настапи на "Макфест" и ова е нејзина прва авторска песна.

"Макфест" ќе се одржи на 3, 4 и 5 јуни во Домот на културата во Штип со директни преноси на МТВ.