Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Првата приватна високообразовна установа Еуро Колеџ, овој викенд во кафе барот "Галерија", организираше избор на мис и мистер на средните училишта.
Престижната титула мистер ја освои Никола Трајковски, а за мис беше прогласен Ивана Стојилковска. Прва придружничка е Драгана Љубевска, а втора придружничка Данијела Стојмановска.
Во конкуренција за престижната титула се најдоа тринаесет средношколки и средношколци од градот, кои се пријавија на натпреварувањето.
Изборот на мис-мистер средношколец го организираше Студенстката унија на Еуро Колеџ по втор пат. На победниците Еуро колеџ им обезбедува стипендии за бесплатно студирање.
Манифестацијата ја помогнаа повеќе спонзори.