Мени

Избран најдобриот музички спот на Алтернативната сцена

04.01.2016 09:25 | KumanovoNews

Македонската публика го одбра најдобриот македонски алтернативен спот за 2015 година.

Избран најдобриот музички спот на Алтернативната сцена

Од вкупно 1716 гласови, на првото место заврши бендот Визија и спотот за песната „Гласот на мојата душа“ со освоени 383 гласови, додека пак на втората и третата позиција завршија Брука бенд („До Преѓе“) и ПМГ Колектив (80-ти) со 351, односно 311 гласови.

Во гласањето кое се одвиваше преку фејсбук страницата Алтернативна Сцена.

На овој избор учествуваа уште и бендовите Steel Temple, Autmind, Апсаздан, Санаториум, Колт, Телемама, Foolish Green, Сиз, Мугер Фугер, Паркети итн.