Мени

Избрана најдобра фотографија за 2013 година

22.12.2013 07:10 | KumanovoNews

Нешнал Џиографик ја избра најдобрата фотографија на натпреварот "2013 Фото Контест".

Избрана најдобра фотографија за 2013 година

Првата награда на изборот ја доби фотографот Пол Соудерс за фантастичната фотографија на поларната мечка под површината на водата.

Победничката фотографија ќе биде објавена во магазинот Нешнал Џиографик а фотографот ќе биде награден со парична награда од 10.000 долари и патување до седиштето на Нешнал Џиографик во Вашингтон.

Во натпреварот учествуваа голем број професионални фотографи и аматери од земјите во светот, а фотографиите беа оценувани во три категории, природа, место и луѓе.

Наградената фотографија е фотографирана во Худсон Беј во Канада.