Мени

Излезе спотот за „Палимо“ на Спејко и Тајзи

19.06.2016 17:31 | KumanovoNews

Кумановскиот рапер и реге пејач Тајзи и победникот на големот брат Дарко Спејко, денеска го објавија спотот за нивната прва заедничка нумера „Палимо“.

Излезе спотот за „Палимо“ на Спејко и Тајзи

Оваа песна би требало да стане вистински летен хит, со кој ќе можат да се пробијат на балканската сцена. Спотот се снимаше во Хрватска поточно во Сплит, Омиш и Макарска, има прекрасни живописни локации од хрватското приморје, а во спотот го возат автомобилот „Шевролет Импала“ кој е всушност автомобилот на Јосип Броз Тито.

Песната е дел од вториот албум на Тајзи кој ќе излезе оваа година, а заедно со Дарко ја подготвуваат летната балканска турнеја.