Излезе трејлерот за Scary Movie 5
24.12.2012 10:29
| KumanovoNews
Првиот трејлер за Scary Movie 5 се појави на интернет, а во најновата верзија на популарната пародија се појавуваат Симон Рекс, Чарли Шин и Линдзи Лохан.

Приказната во петтиот дел е базирана на филмовите Inception, Black Swan и хоророт Paranormal Activity.
Инаку во текот на снимањето, Лохан одбила да биде во спалната соба со Шин поради неговото диво минато, па тие сцени се снимени со нејзината двојничка. Филмот во кината треба да се појави во април 2013 година.