×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба во чест на Витни Хјустон

    04.08.2012 09:20 | KumanovoNews

    Следната недела во Лос Анџелес ќе биде отворена изложба во чест на починатата поп ѕвезда Витни Хјустон, шест месеци откако нејзиното безживотно тело беше пронајдено во хотелска соба. Изложбата која ќе се вика „Витни“, организирана од нејзиното семејство и ќе биде отворена  на 15 август, пренесува AFP.

    Изложба во чест на Витни Хјустон

    Според соопштението на музејот, изложбата на посетителите ќе им отвори широк поглед на сите аспекти од креативниот живот на пејачката.

    Меѓу предметите што ќе се најдат на изложбата се и ретки фотографии на Витни Хјутон, нејзините сценски костими, албумите и споменарите од нејзината рана кариера, како и плакати за концертите и предмети што ги добивала од обожавателите.

    Во форма на краток филм ќе бидат прикажани мислењата и спомените за поп дивата кои ќе ги поделат пред јавноста уметниците и музичарите кои работеле со неа. Изложбата ќе трае до февруари, 2013 година.

    На 11 февруари годинава, Хјустон беше пронајдена мртва во хотелска када во Беверли Хилс. Аутопсијата покажа дека таа случајно се удавила. Постоеше сомнеж дека за смртта придонеле нејзиното слабо срце и користењето хероин.

    Хјустон продаде повеќе од 170 милиони плочи во својата 30-годишна кариера. Во последните години се бореше со зависностите од дрога.

    Во 1992 година, пејачката се појави во филмот Bodyguard во кој ја пееше песната „I will always love you“.