Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Актерката Кејти Холмс размислува сцената и рефлекторите да ги замени со судницата, зашто сака на својата ќерка Сури да и' биде достоен пример.
Кејти се измори од занимавање со глума, но пред се' сака со промената на професијата да биде подобар пример на својата шестгодишна ќерка Сури-рекол нејзин близок пријател.
Тој, исто така, додал дека смета оти една од причините зошто Кејти сака да запише Правен факултет и да стане адвокат е токму поради тоа што сака да го сврти медиумското внимание од нејзиниот приватен живот и приказните за развод со Том Круз.Актерката била примена на факултет, но уписот го одложила поради снимањето на ТВ-серијата „Досон крик“. Таткото на Кејти, Мартин, исто така е адвокат и има своја приватна фирма.