Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На 75-годишна возраст, Јапонец се искачил на Монт Еверест. Сега има 80 години, се искачи пак и ја доби титулата „најстар човек кој стигнал до врвот“.
Јуикиро Миура се искачил на врвот неколку дена пред неговиот ривал, 81-годишниот Непалец Мин Бахадур Шерхан, да тргне на истиот пат.
„Успеав! Никогаш немаше да помислам дека ќе можам да го искачам Монт Еверест на 80 години. Ова е најубавото чувство на светот, иако сум преморен. Дури и на 80 години, можам да издржам“, изјавил Миура кој бил придружуван од неговиот син.
Алпинистите планирале да останат на врвот околу час и половина, да направат неколку фотографии и потоа да се спуштат надолу.
На веб сајтот за неговата експедиција, Миура го објаснил неговиот обид да се искачи на Монт Еверест на толку стара возраст.
„Го направив тоа за да ја поместам мојата ултимативна граница. Да ѝ оддадам чест на Мајка Природа“, напишал тој.
Сепак, доколку Непалецот Шерхан успее да се искачи, тој ќе ја земе титулата „најстар човек кој се искачил на Еверест“.