Јас сум татко на децата на Мајкл Џексон
07.05.2013 09:02
| KumanovoNews
Актерот Марк Лестер ја изненади јавноста со признание дека тој е вистинскиот, биолошки татко на Принц (16), Парис (15) и Бленкет (11), децата на покојниот Мајкл Џексон.

Како прилог кон кажаното ќе посведочи неговата ДНК-анализа која ќе ја направи во најбрз можен период.
Марк вели дека имал молба од Џексон да донира сперма една година пред да се родат децата, за кои актерот тврди дека личат на неговите деца. Тој испрати порака до децата на Џексон, велејќи им дека е доволно да го направат првиот чекор, да ја посетат Англија, а потоа се' ќе им стане јасно.