×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Јубилејна турнеја на Бојзон

    31.01.2013 09:34 | KumanovoNews

    Популарниот ирски бенд Бојзон најави турнеја по повод јубилејот 20 години од формирањето на бендот.

    Јубилејна турнеја на Бојзон

    Веста ја најави поранешниот лидер на групата, Ронан Китинг кој гостувал на концертот на неговиот колега Шејн Линч во О2 арената во Лондон. „Дами, полека се приближува денот од годината кога обично добивате цвеќиња и чоколади, но оваа година тоа можат да бидат и карти за концерт на групата Бојзон“ – рекол Китинг.

    За сега не се познати датумите за турнејата, но картите ќе бидат пуштени во продажба токму на Денот на вљубените – 14-ти февруари. Групата последен пат настапи пред три години кога го промовираа нивниот последен албум „Brother“, посветен на трагично починатиот член на бендот Стивен Гејтли, кој почина во 2009 година.

    Покрај Китинг и Линч, во групата членуваат и Кит Дафи и Мики Грејм. За сега нема информации дали ќе има нов материјал, но веројатно ќе биде издадена компилација од најголемите хитови.