Мени

Кајли Миног е Дама на годината

08.11.2013 08:35 | KumanovoNews

Поп пејачката Кајли Миног, вчера на прославата на 15-тите награди GQ Men of the year во Берлин ја прими наградата за "Дама на годината".

Кајли Миног е Дама на годината

Австралиската пејачка лично ја прими награда од германското модно списание Gentlemen's Quartertly за нејзината добротворна работа во превенцијата на ракот на дојката и успеа да се претвори во "жена икона за сите генерации".Наградите секоја година ги примаат луѓето од светот кои многу допринеле за развој во спортот, музиката, културата и модата.

Досега, носители на овие награди биле Џорџо Армани, Дајан Кригер, Роберто Кавали, Михаил Шумахер, Николас Кејџ и други.