Мени

Кајмакоски и Фифи во полуфинале на Икс Фактор

25.12.2013 08:26 | KumanovoNews

Вчеравечер жири комисијата на Икс Фактор ги ибра своите фаворити за следната полуфинална емисија во која се најдоа и македонците Даниел Кајмакоски и Филип Јаневски-Фифи.

Кајмакоски и Фифи во полуфинале на Икс Фактор

29-годишниот Даниел ја испеја песната When I was your man од Бруно Марс, а Фифи во дует со Маринела Џогани ја испеја песната I was here од Бијонсе.

Останатите двајца македонци, браќата Раденови не успејаа да продолжат понатаму со натпреварувањето.

Следната емисија од реномираното музичко шоу Икс Фактор ќе се емитува во живо на 7 јануари следната година.