Кајмакоски потпиша договор со „Менарт“
29.07.2014 12:45
| KumanovoNews
Даниел Кајмакоски потпиша договор со продуцентската куќа „Менарт“, регионален застапник на „Sony Music Entertainment“ и наскоро се очекува да издаде албум.

Кајмакоски е првиот победник на регионалниот „Икс-фактор“, а наградите што ги доби се снимање на албум од „Менарт“ за регионот, два видео спота, ПР-поддршка од продукцијата, автомобил „мини купер купе“ и парична награда во износ од 10.000 евра.