Кајмакоски продолжува да воодушевува
15.01.2014 08:45
| KumanovoNews
Македонскиот претставник Даниел Кајмакоски од групата на Жељко Јоксимовиќ како и Фифи дел од групата на Кристина N2O уште еднаш покажаа дека го имаат скриениот икс фактор во себе.

Даниел ја отпеа песната на легендата Тодор Проески "Чија си".
Песната ја испеја на српски јазик.
Онаа што го одбележа неговиот настап во изведувањето на песната за кое зборуваа сите на социјалните мрежи е тоа што неговиот ментор неколку пати повторуваше дека му дава шанса на Кајмакоски да ја испее песната на својот мајчин јазик, што навистина беше збунувачки бидејќи песната е навистина од македоски пејач, изведбата беше на српски јазик.