Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Иако најмал процент од заболените со коронавирус се децата, сепак вонредната ситуација во којашто се наоѓаат влијае и на нив. Децата читаат, слушаат или гледаат за нешто кое навистина може да остави сериозни последици на нив.
Психологот Невена Лавринчевиќ за таа намена состави мал прирачник, насловен како „Како да се разговара со децата за коронавирус?“, во кој таа нуди низа совети кои можат да им послужат на родителите.
На сите прашања, вели таа, одговарајте искрено и точно, а притоа на детето давајте му информации кои ќе се во склад со неговата возраст. Не бидете претрано опширни и не користете изрази кои не му се познати. Најдобар пристап е конкретно да одговорите на прашањата на детето. Пример, ако детето праша: „Зошто ја бришеш кваката?“, да му се одговори: „Затоа што на тој начин многу полесно се уништува вирусот.“.
Не драматизирајте за ситуацијата во која сите би умреле и слично, но од друга страна не го лажете детето дека тоа не е ништо сериозно, не правете го слепо за она што се случува во неговата околина.
Ако детето ве праша за нешто што е актуеално со ситуацијата, не му велете: „Ајде, тоа не е важно, дојди да се играме.“.
Укажете му на детето дека е нормално некогаш да се случува нешто од коешто се плашиме и не го сакаме.
Доколку детето покаже страв, кажете му дека е нормално во одредени ситуации да се плаши, затоа што сите понекогаш знаеме да се исплашиме од нешто.
Но, доклку е исплашено за својата сигурност, покажете му дека вие сте тука за да се грижите за него.
Покажете му ја и другата страна на детето, пример: „Многу од научниците работат за да сопре вирусот, а и голем број од разболените се излекувани.“.
Укажете му на детето на она што вие го правите, а би требало и тоа да го прави: да се храни здраво, редовно да си ги мие рацете, да избегнува надвор да допира предмети, да не си го допира лицето итн.
Вие бидете извор за информациите, обидете се да не доаѓа во допир со некои видеа, согласно со неговата возраст, кои одново и одново ќе ги прегледува.
Уклучете ги вашите деца во домашните активности заедно со вас: правење јадење, месење на колачи, играње на друштвени игри, читање книги, слушање музика итн.
И најважното од сѐ: внимавајте на себе, за да може да внимавате на вашето дете.