×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Како да се справите со менопаузата?

    10.09.2019 09:19 | KumanovoNews

    Искуствата на жените за време на менопауза се најразлични. Намаленото ниво на естроген создава топлотни бранови-црвенило.

    Како да се справите со менопаузата?

    Најчестите симптоми се: непријатно чувство на топлина, зголемување на пулсот и ноќното потење, губење на либидото, вагинална атрофија, сувост и болки при сексуалниот однос.

    Исто така, главоболките стануваат почести, има промена на расположението, хронична депресија, инсомнија, истоштеност, остеопороза која резултира во зголемени фрактури во коските, зголемување на холестеролот, како и можност за појава на артериосклероза и срцеви заболувања.

    Започнувајќи со уринарна инконтиненција, често се забележуваат гасови во стомакот и дебелина. Хормоналната терапија може да ги регулира овие симптоми, но го зголемува ризикот од рак на дојка.

    Како да се справите со менопауза?

    За справување со менопаузата е препорачлива нискокалорична исхрана.  Дополнително внесување на витаминот Ц, Д, Е и Б6, заедно со минерали како цинк, бакар и калциум, се најважните за овој период.

    Богато количество на калиум има во темнозелениот лиснат зеленчук, јаткастите плодови, млекото, јогуртот, гравот и рибата.  Топлотните бранови добро реагираат на внесување на калиум, но и на витаминот Д и Е.

    Исхраната богата со фосфор го прави телото подложно на остеопороза. Затоа, во овој период се препорачува да се избегнуваат газираните безалкохолни пијалоци, месата и живината, а за замена се препорачува конзумирање на јајца и лиснат зеленчук.

    За вагиналната и кожната сувост се препорачува внесување на крем од алое вера. Додека пак, за намалување на менструалните болки се препорачува: ѕвездена тревка, корен од сладунец, луцерка-вид на морска трева, како и соја.

    А пак за зацврстување на коските и подобрување на флексибилноста на мускулите се препорачува физичка активност која ќе ја намали и можноста за срцеви заболувања, гасови во стомакот и депресијата.

    Исто така, се препорачува и пешачење во природа, пливање, пилатес или секојдневно домашно вежбање.