×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Како да се справите со пушењето и алкохолизмот

    14.10.2019 10:56 | KumanovoNews

    Kонзумирањето на тутунот содржи 28 состојки, кои го зголемуваат ризикот од појавата на ракот, а алкохолизмот не само што влијае негативно на организмот на човекот кој го конзумира, туку и го уништува секој човек кој се наоѓа во негово опкружување и предизвикува насилство. Тие се едни од најголемите зависности на светско ниво.

    Како да се справите со пушењето и алкохолизмот

     Најголемиот проблем е, велат психолозите, тоа што зависниците не можат да си признаат сами на себе дека се зависници.

    * Негативните последици од користењето на тутун

    Пушењето создава катран, чиреви што не поминуваат, создавање на киселина во стомакот, рак, срцеви заболувања, спазма на крвните садови, излив во мозокот како и тешки респираторни и кардиоваскуларни болести, пожолтување на прстите од катранот, гласот станува погруб, устата добива почуден мирис и се јавуваат иритации на дишните патишта, а пушачите и покрај негативните последици продолжуваат да го конзумираат.

    * Негативните последици од прекумерно конзумирање на алкохол

    Додека пак прекумерното конзумирање на алкохолот може да доведе до оштетување на стомакот, црниот дроб, нервите, срцето, мозокот, сексуални проблеми, насилство, повлекување од општеството, растројство на личноста и болести поврзани со недоволна исхрана. Исто така може да доведе и до зголемени алергиски реакции.

    *Што да правите кога ќе почувствувате потреба од тутун?

    Наједноставното решение за да се избегне користењето на тутун е да се џвака мастика, да се земе ментол бонбона, суво грозје или суво овошје, да се испие некој сок или билен пијалок, да се пешачи, вежба, или да се  занимава со некое ваше хоби. Човекот самиот може најмногу да си помогне на себе.

    Исто така за повторната хидрација на телото, поради користење на тутун или алкохол се препорачува пиење на многу течности.

    * Како да престанете да конзумирате алкохол и тутун?

    1. Признајте си самите на себе дека сте зависник;

    2. Истражувајте за негативните последици кои ги имаат за вашето здравје и ќе забележите колку од нив и вие имате;

    3. Размислете за причините поради кои конзумирате алкохол или тутун и размислете за тоа како тоа влијае и на луѓето околу вас кои ги сакате;

    4. Одлучете зошто би сакале да престанете и никогаш не ја заборавајте оваа цел;

    5. Одберете датум кога ќе престанете;

    6. Размислете на кој друг начин би се справите со стресот доколку сте решени да не конзумирате алкохол или тутун;

    7. Отстранете ги пепелниците и шишињата за алкохол од вашиот дом;

    8. Размислувајте за бенефитите кои ги имате откако сте престанале да бидете зависници;

    9. Дозволете му на вашето семејство, пријателите или стручните лица да ви помогнат околу вашата зависност.