×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Како да се заштитите од сонцето и високите температури

    03.07.2020 14:23 | KumanovoNews

    Летото пристигна. Како што растат температурите, така поминуваме повеќе време надвор и поради тоа треба да се заштитиме од жешкото сонце.

    Како да се заштитите од сонцето и високите температури

    Првичните знаци за оштетување на кожата од сонцето се дамките кои се појавуваат на делови од телото кое изложено штетните сончеви зраци. За да се заштитите, нанесете на вашето тело од средството за заштита со повидсок фактор, 15 минути пред да излезете надвор. Не заборавајте да нанесете повторно по неколку часа, особено ако пливате или се потите.

    „Средство за заштита од сонце (10), блокира 90 насто од УВБ-зрачењето. Истражувањата покажаа дека најдобрата заштита се постигнува со примена 15-30 минути пред изложеност, по што следи една повторна примена 15-30 минути по започнувањето на експозиција,“ велат од Институтот за јавно здравје.

    Општите лекари апелираат до граѓаните да не излегуваат надвор од 11 до 17 часот, посебно хронично болни и луѓето со кардиоваскуларни болести. Ако нормално треба да се пие по 2 литра вода, тогаш во вакви услови треба да се внесуваат 4 до 5 литри вода. Да се облекуваат во посветли бои, кои не привлекуваат топлина. Мрсната храна да се избегнува, да се јаде повеќе овошје и зеленчук. Да носат очила за сонце, но не било кои туку квалитетни очила кои ги одбиваат УВ сончевите зраци.

    Исто така работниците додека се на отворено треба да користат заштитни креми, да прават паузи и да ја разладуваат вратната регија.

    (Д.Д)