×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Како да се заштитите од срцевите заболувања по 40-тите години

    24.10.2019 21:16 | KumanovoNews

    Со текот на стареењето, залистоците на срцето почнуваат да се задебелуваат, се губи еластичноста на крвните садови, се појавуваат анеуризми, почнува да се покачува крвниот притисок, да доаѓа до намалување на функционалната способност, до стврднување и калцификација на артериите како и наслаги од холестерол и масти кои доведуваат до стопирање на циркулацијата.

    Како да се заштитите од срцевите заболувања по 40-тите години

    Доколку почнете да чувствувате дека премногу се потите, немате доволно воздух и при мало напрегање, доколу имате чувство на стегнатост, непријатност или болка во градите како и забрзано срцебиење, постојана поспаност или кратко губење на свеста итн., тогаш е голема веројатноста дека имате проблеми со срцето. Исто така, истражувањата покажуваат дека ниските температури вршат големо влијание за стеснување на крвните садови, со што се стеснуваат и садовите на срцето и мозокот и се појавува исхемија

    * Индикатори (показатели) на срцеви заболувања:

    1. Високо ниво на липопротеински холестерол со мала густина кој придонесува за развој на атеросклероза (наслаги од холестерол и масти кои доведуваат до стопирање на циркулација);

    2. Намалена енергија за работа;

    3. Висок CRP, кој укажува на воспаление на крвните садови поради таложење на материи, се јавува и покрај нормалното ниво на холестерол.

    4. Високо ниво на хомоцистеин, кое доведува до создавање на талог во крвните садови, тромбоза, срцеви напади, алцхајмерова болест, губење на меморија, макуларно влошување и фрактури од остеопороза. Овие високи нивоа можат да се намалат со фолните киселини, витамините Б6 и Б12, кои можат да се внесат во организмот и преку лубеницата, пивскиот квасец, пченичните никулци и лимскиот грав;

    5. Калцификација на срцеви и крвни садови кое означува стврднување на артериите.

     ПРЕВЕНЦИЈА

    * Што не треба да консумирате при срцеви заболувања:

    1. Одбегнувајте заситени масти: путер, маргарин, кокосово масло итн.;

    2. Умерено користење на незаситени масни киселини: маслиново масло, масло од репа и масло од синап.;

    3.  Избегнувајте ги црвеното месо, заситените масти, млечните производи, морските ракчиња, школките, свинското месо, пушењето, алкохолот, пијалоците кои содржат кофеин, премногу сол и шеќер.

    * Што треба да консумирате при срцеви заболувања:

    1. Користете витамини со меѓуклеточни антиоксиданси: Q10, SOD, DHEA, мелатонин, соја, риба, кикирики, гугул, лук, глог, витамини Ц, В и Е, како и бета каротени;

    2. Консумирајте масти со голема густина и омега 3 масни киселини: ленено семе, ореви, риба како туна и лосос. Медицински истражувања, покажуваат дека значително се намалува бројот на срцеви заболувања и појава на инфаркт на срцето кај луѓето кои го зголемиле количеството на Омега 3 во крвта.

    3. Пиењето топли пијалоци по оброците е попрепорачливо отколку пиење ладни течности.

    * Алтернативна медицина:

    1. Лекарите велат дека луѓето кои имаат срцеви заболувања, дека треба задолжително да си создадат навика за вежбање. Особено се важни вежбите за рамнотежа и зацврстување;

    2. Секојдневно повторувајте си дека се' во животот ќе биде во ред и дека се' е минливо, затоа што истражувањата на психологијата покажуваат дека позитивните мисли влијаат позитивно врз нашето здравје, затоа што ги дислоцираат нашите мисли од болката кон нешто попозитивно. Никој нема да ја направи промената за вас, велат психолозите.

    3. Практикувајте јога која ќе ви донесе спокојство и ќе ве оттргне од стресните ситуации.

    4. Поминувајте одредено време на сонце, затоа што ви обезбедува дополнителна доза на витаминот Д и го стимулира вашето тело и умот.