×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Како да си помогнете доколку сте метереопат?

    03.10.2019 11:29 | KumanovoNews

    Променливото време, намалувањето и честото менување на температурите, се повеќе  влијаат и на луѓето кои немаат здравствени проблеми.

    Како да си помогнете доколку сте метереопат?

    Дел од симптоми кои се појавуваат кај метереопатите се нагли промени во расположението, главоболки, вртоглавици, намалена концетрација, покачен крвен притисок, отежнато дишење, несоници.

    Истражувањата покажуваат дека дури и повеќе од 30 отсто од популацијата се метереопати, а најсериозни последици по здравјето имаат хроничнте болни.

    Наглите промени на температурите во последните години, глобалното затоплување на Земјата, современиот начин на живот, како и климатизираните простории го ослабнуваат организмот и создаваат метереопати, велат докторите.

    На временските промени, всушност се најчувствителни жените, па потоа тинејџерите и луѓето над 45 годишна возраст. Иако промената на темпратурата може да настане многу брзо, сепак на нашиот организам му се потребни два-три дена за да се опорави.

    Докторите велат дека секогаш кога се менува времето во атмосферата се создаваат електро магнетни импулси кои делуваат на организмот и ја поттикнуваат неговата реакција.

    Како да си помогнете доколку сте метереопат:

    1. Пијте чаеви од камилица, лаванда и мајчина душица.

    2. Масажа на слепоочниците, главата и останатите делови на телото.

    3. Долги прошетки, трчање, возење велосипед или престој на планина.

    4. Намалување на количината на цигарите, кафето и алкохолот.

    5. Хранете се здраво, пијте повеќе течности.

    6. Одмарајте.

    7. Следете ја временската прогноза.