×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Како помина на училиштето-е прашање кое не треба да му го поставите на вашето дете

    05.03.2020 12:16 | KumanovoNews

    Како ти помина денот на училиштето - е навистина големо и тешко прашање кое го поставувате на вашето дете, затоа најчесто децата даваат брз одговор за да не си создаваат дополнителен напор, велат психолозите.

    Како помина на училиштето-е прашање кое не треба да му го поставите на вашето дете

    Со вака поставено прашање, детето е приморано да го сумира целиот ден поминат на училиштето, што е напорно дури и за еден тиејџер.

    Во истиот момент, откако ќе заврши вашето прашање, децата си помислуваат дека е луцидно да се постави такво прашање, бидејќи нивниот ден бил исполнет со многу активности и во рамки на часовите, но и во рамки на социјалните активности, па за да го скратат одговорот, веројатно ќе ви одговорат дека денот им поминал добро.

    Психолозите велат дека многу деца своето доживување на училиштето го сметаат за приватна работа, па голема е веројатноста дека нема да сакаат да разговараат за истото, а тоа како што велат психолозите, е сосема нормално за времето кога вашите деца почнуваат да се вклопуваат во училишните и социјалните заедници. Она што треба да го знаат вашите деца е самиот факт дека вие сте тука за нив кога и ќе им бидете потребни, па голема е веројатноста дека детето само ќе дојде да побара помош од вас, доколку му е потребна.

    Подoбриот пристап за воспоставување на комуникација со вашето дете во врска со училишниот ден е најпрво да започнете со кратки прашања за она што најмногу го сака на училиштето. Меѓутоа, не со прашањето: што најмногу ти се допадна денес на училиштето, туку самите да дознаете што навистина детето сака и да го прашате за истото.

    Пример: кога ќе ја обработувате твојата омилена лектира по македонски јазик или пак, дали сакаш да посетиме некое место кое многу ти се допадна на денешниот час по географија? Детето треба да знае дека вие се грижите за она што на него навистина му значи и преку создавање на довера, вие самите ќе дознаете и за неговите потешкотии во училишните или социјалните активности.