×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Каков сапун треба да користите според типот на вашата кожа?

    22.11.2019 07:15 | KumanovoNews

    Сапуните му овозможуваат темелна нега на вашето лице, меѓутоа треба да знаете да го одберете сапунот кој ќе одговара на вашиот тип на кожа.

    Каков сапун треба да користите според типот на вашата кожа?

    * Бидејќи, за лицето е најважно темелното чистење, еве неколку совети за тоа кој сапун да го изберете за вашиот тим на кожа на лицето:

    - Доколку имате сува кожа се препорачува да користите сапун од кантарион, кој ќе делува: смирувачки, лековито, антисептички и противвоспалително.

    - Сапунот од портокал и цимет се користи за отстранување на токсините од уморната кожа. Со користење на овој сапун вашата кожа ќе добие убава розова боја и свежина.

    - Етерично масло од лаванда, порано се нанесувало на плускавците, но и на акните и масната кожа на лицето. Затоа употребувајте сапун од лаванда доколку имате таков проблем со лицето.

    - Исто така за масна кожа се препорачува и сапун од лимон. Силната лимонска киселина од сапунот ги отстранува површинските маснотии од кожата.

    - За сува и чувствителна кожа се препорачува сапун од мед, кој ја задржува влагата на кожата и и' овозможува еластичност и заштита од брчки.

    - Доколку имате нормален тин на кожа се препорачува сапун од рузмарин кој содржи маслиново масло, пчелин восок и масло од рузмарин.