×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Каков татко бил Мајкл Џексон?

    08.06.2012 13:12 | KumanovoNews

     Мајкл Џексон на децата им ставал маски на лице за да не ги препознаат на улица и да имаат нормално детство, за разлика од неговото, изјави неговата ќерка Парис.

    Каков татко бил Мајкл Џексон?

    Во интервјуто со Опра Винфри, кое во САД ќе биде прикажано во недела 10 јуни, 13 годишната Парис објаснува дека кога била мала, не можела да разбере зашто таа и нејзините браќа Принс и Бланкет мораат да носат маски.

    Бев изгубена. Не знаев зашто морам да носам маска. Но сега разбирам зашто мојот татко сакаше да го криеме лицето. Кога излегувавме без него со маски на лицето, никој не можеше да не препознае и така тројцата заедно можеле да одат во реторан за брза храна или продавница за играчки без никој да им смета- изјавила Парис.

    Девојчето кажуваше дека кога тој бил дете, немал детство. Постојано бил во студиото и пеел, додека другите деца си играле. Кога беше со нас беше нормален татко. Бевме казнети ако направевме нешто лошо- додава Парис.

    Парис која имала само 11 години кога татко и почина на 25 јуни 2009 година, ќе дебитира како глумица во филмот “Lundons Bridge and the three keys”.

    Во октомври минатата година се појави до братот на сцена на концертот во чест на Мајк Џексон во Кардиф. Џексон умре од прекуерена доза на анестетикот пропофол кој го земал заради несоница, а неговиот лекар е осуден во ноември минатата година поради убиство без умисла.