Калиопи вечерва на Евровизија
24.05.2012 10:23
| KumanovoNews
Калиопи вечерва ќе настапи на Евровизија на втората полуфинална вечер.

Во Баку вчера се одржа првaтa генералнa пробa за втората полуфинална вечер на Евровизија, на која секој од учесниците го покажа својот стајлинг. Калиопи настапила втора, веднаш по Жељко Јоксимовиќ. Нашата претставничка носеше црн костум на Армани. Останатите придружници на сцената исто така носеа црна елегантна облека за која се погрижи дизајнерката Розе Трајчевска.
На официјалниот сајт на Евровизија пишува дека Калиопи ја исполнила „Црно и бело“ на професионален и артистичен начин.