×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Камилица-за олеснување на стомачните тегоби

    30.10.2019 08:56 | KumanovoNews

    Билката камилица, позната и како вртипоп, е една од најстарите лековити растенија. Неа можеме да ја најдеме во сирова состојба за време на цутење, во април и мај.

    Камилица-за олеснување на стомачните тегоби

    Меѓутоа, во текот на годината може да ја сочуваме во вид на исушени цветови кои содржат терпеноиди и флавоноиди, кои придонесуваат за нејзините лековити својства.

    Нејзиното лековито дејство им било познато и на Старите Египќани, кои камилицата ја користеле како лек за треска, изгореници, несоница, реума и при проблеми со варење на храната.

    Оваа билка е позната по своите релаксирачки и смирувачки дејства со што помага во подобрување на сонот, ублажување на болките во стомакот, а го олеснува и варењето на храната и помага за смирување на грчевите во стомакот. Воедно, камилицата го регулира и нивото на шеќерта во крвта.

    Исто така оваа билка може да се дава и на децата доколку имаат грчеви во стомакот, а помага и за подигање на имунитетот и во борбата против настинките, а може да се користи и за инхалација при настинка.