Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Најгламурозниот европски филмски фестивал во Кан, се отвора на 15 мај со исто толку гламурозниот “Големиот Гетсби“.
Веќе е познато дека со жирито претседава легендарниот Стивен Спилберг, другите членови се славните: режисерот Анг Ли, Никол Кидман, актерот Кристоф Волц, потоа индиската актерка Видја Балан, јапонската режисерка Наоми Каваси, францускиот актер и режисер Даниел Отил, британската режисерка и сценаристка Лин Ремзи и романскиот писател и режисер Кристијан Мунгуи.
Според филмските критичари, најголеми фаврити за наградата Златна палма се Александар Пејн со неговиот филм „Небраска", потоа „Венера во крзна", најновиот филм на Роман Полански, „Inside Llewyn Davis"" на браќата Коен и делото на Стивен Содерберг „Зад канделабрите“.
Актерката Одри Тату, годинава е избрана да биде домаќин на церемониите на отворањете и затворањето на фестивалот.
Еве го комплетниот список на филмовите кои се селектирани да се борат за наградите во главната натпреварувачка селекција
• Only God Forgives, Nicolas Winding Refn
• Borgman, Alex Van Warmerdam
• La Grande Bellezza, Paolo Sorrentino
• Behind the Candelabra, Steven Soderbergh
• La Venua a la Fourrure, Roman Polanski
• Nebraska, Alexander Payne
• Jeune & Jolie, Francois Ozon
• Wara No Tate, Takashi Miike
• La Vie D'Adele, Abdellatif Kechiche
• Soshite Chichi Ni Naru, Kore-Eda Hirokazu
• Tian Zhu Ding, Zhangke Jia
• Grisgris, Mahamat-Saleh Haroun
• The Immigrant, James Gray
• Le Passe, Asghar Farhadi
• Heli, Amat Escalante
• Un Indien des Plaines, Arnaud Desplechin
• Michael Kohlhaas, Arnaud des Pallières
• Inside Llewyn Davis, Joel and Ethan Coen
• Un Chateau en Italie, Valeria Bruni-Tedeschi
Кога станува збор за селекцијата, Кан годинава игра на сигурно и покани режисери како браќата Коен, Александар Пејн, Стивен Содерберг и Роман Полански.
Овогодинешното 66-то издание на Канскиот фестивал ќе се одржува од 15 до 26 мај. Погледнете ги топ 10-те најочекуваните филмови на овој филмски фестивал.
По единаесет дена и неколку стотици филмови, на најгламурозниот филмски фестивал, завесата ќе се спушти трилерот „Зулу" на Жером Сал со Орландо Блум и Форест Витакер во главните улоги.
Медиумите веќе направија список на 10 сигурни фаворити на Канскиот филмски фестивал.