Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Поранешната прва дама на Франција, Карла Бруни била лудо вљубена во фронтменот на групата Rolling Stones, Мик Џегер, тврди Кристофер Андерсен авторот на книгата „In Mick: The Wild Life and Mad Genius of Jagger“.
Според пишувањето на Daily Mail, книгата ќе фрли ново светло на аферата на тогашната манекенка и популарниот фронтмен, која одиграла значајна улога во прекинувањето на деветгодишниот брак меѓу Џегер и неговата тогашна сопруга Џери Хол.
Андерсен пишува дека Бруни била толку вљубена во Џегер што отишла со него во Тајланд, само еден ден откако Џери Хол ја родила ќерката Џорџија.
По неколку обиди да го контактира, Џери конечно го добила и прашала дали е со Карла. Тој тогаш негирал, но потоа Џери пронашла порака од Бруни во која пишувало дека секогаш ќе биде негова љубовница.
Двете манекенки на првата заедничка средба имале жестока расправија, а Џери признала дека малку фалело да добие нервен слом.
Џегер и Бруни се запознале во 1990 година, додека таа била во врска со Ерик Клептон, кој наводно го преколнувал својот колега да не и се приближува на атрактивната манекенка. Џегер и Бруни набргу потоа се запознале и почнале романса.
Андерсен тврди дека актуелниот сопруг на Карла, поранешниот претседател Николас Саркози се уште е љубоморен на врската на неговата сопруга со рокерот.