Карла Бруни и Бар Рафаели на Сан Ремо
19.02.2013 10:20
| KumanovoNews
Еден од најстарите и најпрестижните фестивали на забавната музика во светот и во Европа, италијански Сан Ремо оваа година привлече голем број на познати имиња.

Сопругата на поранешниот француски претседател, Карла Бруни и израелската манекенка Бар Рафаели со својот изглед привлекоа големо внимание на јавноста.
Карла Бруни на "Сан Ремо" настапи во средата вечер облечена во едноставен костум и со гитара во рацете.
Додека Бар Рафаели беше гостинка на фестивалот и во улога на еден од презентерите во текот на еден ден од вкупно пет дена колку што трае фестивалот.