Карла Бруни Саркози издава нов албум
10.01.2013 10:28
| KumanovoNews
Карла Бруни Саркози пролетва ќе издаде нов албум под наслов „Little French Songs“ (Мали француски песни), според еден од насловите на песните во кои им одава чест на сите големи француски текстописци и композитори.

Карла Бруни-Саркози дефинитивно и се враќа на музиката и за пролетва најави дека ќе издаде нов албум „Little French Songs“.
Албумот претставува компилација на големите француски композитори и е прв од 2008 година, кога таа се омажи за поранешниот претседател Никоа Саркози.
Откако нејзиниот сопруг, по загубените избори, реши да се повлече од политиката, таа најави дека ќе и се врати на музиката.