Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Како заштитно лице на „Булгари“, Карла Бруни се враќа на голема врата во светот на модата.
Истовремено, поранешната прва дама на Франција го подготви четвртиот студијски албум, за уште еднаш да ја освои европската музичка сцена.
Петте години на позиција на прва дама на Франција беа вистинско уживање за Карла Бруни, сопруга на Никола Саркози, кој на чело на државата беше од 2007 до 2012 година.
Во светот на модата повторно зачекори благодарејќи на кампањата за куќата „Булгари“, нејзин прв таков ангажман од кога нејзиниот сопруг не е во претседателскиот кабинет.
Многу сум горда и среќна што ме одбраа да ја претставувам линијата Haute Joaillerie, рече Карла Бруни, чии претходнички беае Џулијан Мур и Рејчел Вајс.