Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Новата љубов на поп ѕвездата Каролина Гочева, грчкиот сопственик на фабрика за текстил во Битола Нико Саитис, е причина што таа се повеќе време поминува во родниот град, пишува денешниот број на дневниот весник „Вест“.
По девет месеци внимавање каде ќе се појават заедно, Каролина и Нико завчера папрацото ги уловилo на романтична прошетка низ Битола. Прегрнати, опуштено шетаа од Широк сокак накај Паркот, и неколкупати застануваа да се поздрават со пријатели, пренесува „Вест“.
Каролина и Нико нема зошто да се кријат во Битола. Нико веќе пет години живее тука, го сметаме за битолчанец, па и двајцата тука си се дома-изјавиле пријатели на пејачката
Традиционалано резервирана за својот приватен живот, Каролина и за оваа врска не зборува јавно единствена информација која ја сподели со медиумите беше дека е вљубена и среќна. Според заедничките пријатели во Битола, Каролина и Нико се запознале во кафулето на нејзината блиска битолска другарка, и оттогаш Каролина повеќе е во родниот град отколку во Скопје, соопштува „Вест“.
Поради работните обврски, се уште не го испланирале заедничкиот одмор, но за викендите често одат до Охрид.
Каролина е многу среќна со Нико. Речиси секоја вечер се излезени со пријателите на Широк сокак и низ познатите кафулиња. Кога таа не може да дојде во Битола тој ја посетува во Скопје-изјавила пријателка на пејачката
Каролина најави снимање на втор дел од етно-албумот „Македонско девојче“, кој беше оценет како еден од нејзините најуспешни музички проекти. Летова таа нема најавено концерти ниту настапи.