Каролина – гостин на новиот албум на Влатко
10.06.2013 08:53
| KumanovoNews
Во новиот албум на Влатко Стефановски ќе ја слушнеме и Каролина Гочева во песната Љубов за сите.

Албумот на Влатко Стефановски, насловен Сеир, е во финална фаза, а според Интернет страницата на гитаристот, во песната „Љубов за сите“ гостува Каролина Гочева.
Единствен детал кој создава недоразбирање врзано за оваа ифнормација е податокот дека неодамна токму од истата адреса беше лансирана веста дека Влатко во своето студио работи на мискирање на новиот албум Царот на гитарата. Од каде па сега Сеир, пишува Македонска музичка мрежа.