Катарина продолжува да го освојува модниот свет
12.07.2013 07:54
| KumanovoNews
Нашата позната манекенка Катарина Ивановска продолжува да го освојува светот.Ивановска, во последно време е многу зафатена.

Таа од неодамна стана заштитно лице на германската компанија за облека „Peek & Cloppenburg“.
Со оглед на тоа што манекенката има интернационална кариера, веројатно овој ангажман компанијата ја чинел многу пари.
Ивановска често се појавува на насловни страници на светски модни списанија, како и на реклами.